Македонија
1. January 2023 - 16:40

Првото бебе на скопска гинекологија е машко, прва рожба и во семејството Панајотови од кочанско Соколарци

Прво па машко! Ване е името на бебето родено во првата минута од Новата година на Клиниката за гинекологија и акушерство. Породено е со царски рез и е прво дете на семејството Панајотови од кочанско Соколарци. Мајката Стојанка со солзи радосници го гледаше синчето, кое е крстено по починатиот свекор.

-Јас сум од Богданци, а мажена сум во Соколарци Кочанско, изјави Стојанка Панајотова, мајка на првото бебе родено во 2023 година.

-Една минута после 12  се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе  ризици препратена тука од Кочани  на клиника и е завршена со царски рез, изјави д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК.

-Како се чувствувате, праша министерката за труд и социјала Јованка Треневска?

-Добро, одговори мајката Стојанка.

 - Нека тргне убаво со машко, се надоврза министерот за здравство Беким Сали.

-Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година, рече потоа Беким Сали, министер за здравство.

-Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник, рече Јованка Тренчевска, министер за труд ис оцијална политика.

Покрај Ване во новогодишната ноќ на ГАК родени се уште 3 бебиња. Две се машки, а две девојчиња.

Машко дете се роди и во Гостивар, а женски  во Битола и Прилеп.