Македонија
1. December 2024 - 17:07
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица иако е затворен за сообраќај граѓаните особено оние љубителите на планината гo користат тргнуваат да патуваат по овој пат па многу често остануваат заглавени со своите автомбили или завеани од снегот .Пристапен е само до месноста Корита, но и тоа е ризик, бидејќи е небезбеден .
Планинската спасителна служба апелира на совесно и внимателно однесување во планина. Граѓаните да ја почитуваат забраната за движење со возила која трае од 15 ноември до 15 март. Овој патен правец не се одржува во зима поради непредвидливи услови, силни навеви на снег и ветер.
Според статистиката најголем процент жртви на планина дури 80 % се локалното население во Југозападниот регион.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
