ПСЖ ќе го продолжи договорот со Енрике до 2030 година

Пари Сен-Жермен е блиску до потпишување на нов договор со тренерот Луис Енрике.
Според некои француски медиуми, страните веќе се договориле за најважните услови, но останува да се средат неколку детали. Новиот договор на шпанскиот тренер со парискиот клуб ќе важи до 2030 година, исто како и договорот на спортскиот директор Луис Кампос.
Продолжувањето беше одложено поради зафатен период: враќањето на играчите од Светското првенство, подготовките за Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Франција и работата на трансфер пазарот.
Енрике ги предводи парижаните од 2023 година и веќе стана еден од најуспешните тренери во историјата на клубот. Под негово водство, тимот три пати го освои Француското првенство и Суперкупот на Франција, двапати Купот на Франција, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и еднаш Интерконтиненталниот куп.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
