-->
-->
ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-->

ПСЖ повторно се искачи на европскиот врв, откако во финалето на Лигата на шампионите на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го совлада Арсенал по изведување пенали.
Финалето донесе голема неизвесност и драматична завршница. Арсенал прв дојде до предност преку Каи Хаверц во првото полувреме, но францускиот шампион се врати во игра во 65. минута кога Усман Дембеле реализираше пенал за 1-1.
Бидејќи до крајот на регуларниот дел и по продолженијата немаше нови голови, победникот беше решен во пенал-серијата, каде што поуспешни беа фудбалерите на ПСЖ. Со триумфот, парижаните стигнаа до нов европски трофеј, додека Арсенал остана без долго посакуваната прва титула во најелитното клупско натпреварување во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
