ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
Фудбалерите на ПСЖ вчера во Париз го совладаа Арсенал со 2-1 (1-0) во реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони и со вкупен резултат од 3-1 го елиминираа лондонскиот тим на патот до големото финале во Минхен.
Откако победи на првиот натпревар пред една недела во Лондон со 1-0, францускиот првак ја удвои предноста на реваншот пред своите гледачи во 22 минута со голот на Руиз, а Хакими во 72 минута го зголеми водството на 2-0.
Арсенал ја намали негативата преку Сака во 72 минута, но англискиот тим не успеа да дојде со целосен резултатски пресврт и остана без финале во елитното европско клупско натпреварување.
Противник на ПСЖ во финалето ќе биде италијански Интер, кој во драматичен реванш во Милано ја совлада Барселона со 4-3 по продолженија, откако првиот натпревар во Шпанија заврши нерешено 3-3.
Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 31 мај на „Алијанц Арена“ во Минхен.
За Интер ова ќе биде седмо финале, во обид да ја освои четвртата европска титула, додека ПСЖ ќе се обиде да го освои својот премиерен трофеј во второто клупско финале во Лигата на шампиони.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани