Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С. поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, информира Министерството за внатрешни работи.
Пријавата се однесува на пукањето што се случи на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје.
Според МВР, од мотоцикл на кој имало две лица било пукано со огнено оружје кон група луѓе.
Во пукањето бил погоден 26-годишниот А.М. од Скопје. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.
По преземените мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднело кривична пријава против двајцата осомничени до Основното јавно обвинителство Скопје.
Ново на Сител
-

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист
-

Протест во Приштина за поддршка на водачите на ОВК, пред пресудата во Хаг
-

Тема на денот со Марјан Николовски, професор по безбедносни науки
-

Општина М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
