-->
-->
Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-->
Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик.
Според информациите, младиот маж бил застрелан и се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.
По пукањето, екипа на Итната медицинска помош го пренела во Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите на лекарите да му помогнат, тој починал.
Засега нема официјални информации за околностите во кои се случило убиството, ниту за идентитетот на сторителот и можните мотиви.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да соопшти повеќе детали за случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
