Loading Video...
Фудбал
24. April 2022 - 18:22

Пулишиќ со гол во 90-минута му донесе победа на Челзи против Вест Хем

Екипата на Челзи потешко од очекуваното го победи Вест Хем со 1-0 во меч од 34.коло на Премиер лигата. 
 
Иако „сините“ имаа повеќе шанси за гол, а Жоржињо не реализира пенал во 87 минута, сепак во последната 90-та, Кристијан Пулишиќ успеа да го скрши отпорот на протиовникот, постигнувајќи го еденствениот гол на мечот.
 
Челзи ја зголеми предноста во однос на конкурентиоте за третата позиција, Арсенал и Тотенхем, но е далеку зад водешкиот тандем, Манчестер Сити и Ливерпул кои водат битка за шампионскиот трофеј.