Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
Десет дена по големиот пожар во Трубарево, два пулмолошки тима утре и задутре ќе прават скрининг на локалното население и жители од околните места. Прегледите не се задолжителни, но од Министерството за здравство апелираат да се пријават оние кои имаат потешкотии во дишењето или пак симптоми кои укажуваат на заболувања на респираторниот систем. Односно, како што велат здравствените власти, прегледите се наменети за сите кои сметаат дека треба да посетат доктор.
- Екг, крвна сдлика, пикфлоуметар и се што е останато ќе биде направено. Ако има потреба ќе продолжат на нашата Клиника за пулмологија и алергологија. Сакаме да ја намалиме паниката кај нашето население бидејќи имаше бројни дезинформации и затоа го правиме овој скриниг за да докажеме дали има оштетување на нивните бели дробови или сепак тоа е нешто што било моментално и нема никакво оштетување, вели д-р Оливер Зафировски, директор на Клиника за пулмологија и алергологија.
И додека во наредните два дека ќе има скрининг со комплетен клинички преглед, извештаите од Министерството за животна средина покажуваат дека ПМ 10 честичките во Трубарево биле во нормалната граница. Паралелно трае и истрагата за подметнатите пожари.
-Дали постапуваме, постапуваме. Дали може дополнително да изнесам информации во јавност во овој момент не. – Дали имате некоја нова трага и нови осомнипчени – Да имаме, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Пожарот во Трубарево беше на 13 септември кога гореше складиште за електронски отпад. Густиот црн чад можеше да се види речиси во цело Скопје а неколку граѓани тогаш завршија на Токсикологија поради изложеноста на димот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар