Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир

Обиколницата кај Крива Паланка, која беше реконструирана, денеска е свечено пуштена во присуство на владини претставници. Се работи за пат во должина од 4,5 метри и ширина од 7,5 метри со поставена хоризонтална и вертикална сигнализација. Со реконструкцијата опфатени се и двата моста.
За вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се работи за значајна патна инфраструктура која е дел од Коридорот 8 и која не претставува само обиколница на Крива Паланка, туку и врска со соседна Бугарија.
Николоски најави и реконструкција на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија со очекување дека првата фаза која опфаќа обнова на постоечкиот објект ќе заврши до јуни. Во втората фаза планирано е проширување на овој граничен премин.
Со експресниот пат до Страцин, обиколницата и реконструкцијата на граничниот премин, како што посочи Николоски, како држава го завршуваме источното крило од Коридорот 8.
- Големи проекти не можат да се водат без првиот човек на Владата и за тоа сум особено благодарен. Премиерот е дневно посветен на овие проекти, интензивно се работи и на железничкото поврзување, рече Николоски.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во следниот период во овој дел од државата ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра посочувајќи на железничкото поврзување со Бугарија, втората фаза од реконструкцијата на граничниот премин, патната инфраструктура...
- Ваквите инвестиции ќе ги поттикнат луѓето да се вратат дома. Продолжуваме да се фокусираме на капиталните инвестиции. Очекувам многу скоро од денеска, се она што зборуваме овие две години, да биде реализирано, рече Мицкоски.
Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, обиколницата е направена по сите стандарди.
МИА
Ново на Сител
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
