Свет
18. November 2026 - 8:39

Путин изјави дека очекува „голема корист“ од претстојната трилатерална средба со Трамп и Шји Џјинпинг

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува „голема корист“ од утрешната трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг.

Путин го изјави тоа на церемонијата на отворањето на форумот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.

„АПЕК нуди големи можности за конструктивна комуникација на сите нивоа, а особено меѓу лидерите на водечките економии“, истакна рускиот претседател.

Тој нагласи дека на ваквите средби лидерите можат да разменуваат мислења, да ги решаваат меѓудржавните несогласувања во политиката, економијата и безбедноста преку изнаоѓање компромиси и рамнотежа на интересите, како и заеднички да работат на зајакнување на темелите на глобалниот одржлив развој.

„Затоа очекувам голема потенцијална корист од претстојната трилатерална средба на лидерите на Русија, Кина и САД, планирана во рамките на самитот на АПЕК“, додаде Путин.

Рускиот претседател им се обрати на учесниците на самитот на АПЕК по воведното обраќање на кинескиот претседател  Шји Џјинпинг.

 

МИА