Путин: Руски научници се блиску до создавање вакцина против рак
Рускиот претседател Владимир Путин на технолошки форум во Москва вчера изјави дека научници од Русија се блиску до создавање вакцина против рак што наскоро би можела да биде достапна за пациентите.
- Руските научници се многу блиску до создавање вакцини за рак и имуномодулаторни лекови од новата генерација. Се надевам дека наскоро делотворно ќе се користат како методи за индивидуална терапија, изјави Путин.
Тој не појасни на кои видови рак ќе делува вакцината и на кој начин.
За време на пандемијата на Ковид-19, Русија разви и своја сопствена вакцина „Спутник V“ против коронавирусот и ја продаде во голем број земји, иако наиде на широко распространето јавно противење за вакцинација во земјата. Самиот Путин изјави дека бил вакциниран со „Спутник“, обидувајќи се да ги убеди луѓето во безбедноста и делотворноста на лекот.
Бројни земји и компании во светот работат на вакцини против рак. Владата на Обединетото Кралство на пр. лани потпиша договор со германската компанија „Бионтек“ за почеток на клинички испитувања, заради „персонализиран третман за рак“, со цел да се допре до 10.000 пациенти до 2030 година.
И фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“ развиваат експериментална вакцина против рак, за којашто испитувањата засега покажуваат дека наполу ја намалува шансата за меланом - најсмртоносниот рак на кожата, да се врати по три години третман. Во мигов, инаку, има шест лиценцирани вакцини против хуман-папиломавирусот (ХПВ), којшто предизвикува неколку видови рак, вклучувајќи го и канцерот на грлото на матката, според Светската здравствена организација, како и вакцина против хепатитис Б (ХБВ) што предизвикува рак на црниот дроб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
