Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
![]()
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, јавија руските новински агенции.
– Почитуван господине министер, драги пријатели, дозволете ми срдечно да ве поздравам овој пат во Санкт Петербург. Би сакал на почетокот на разговорите да забележам дека минатата недела добив порака од врховниот лидер на Иран – рече рускиот претседател на почетокот на средбата со иранската делегација предводена од Арагчи.
– Би сакал да ве замолам да ги пренесете моите најискрени благодарности за таа порака и да потврдам дека Русија, исто како и Иран, има намера да ги продолжи нашите стратешки односи – додаде рускиот лидер.
Путин изјави дека Русија се надева оти иранскиот народ ќе го надмине сегашниот „тежок период“ и оти мирот ќе победи.
– Секако, многу се надеваме дека, водени од храброста и од својот стремеж за независност, иранскиот народ под раководство на својот нов лидер ќе го надмине овој тежок период на искушенија и дека мирот ќе победи – изјави рускиот претседател.
Русија ќе направи сè во интерес на Иран и на другите земји во регионот, додаде Путин, цитиран од државната новинска агенција РИА.
– Од своја страна ќе направиме сè што одговара на вашите интереси, на интересите на сите народи од регионот, за овој мир да биде постигнат што е можно побрзо. Добро ја знаете нашата позиција – рече рускиот претседател.
– Гледаме колку храбро и херојски се бори народот на Иран за својата независност, за својот суверенитет – истакна Путин.
– Како што правилно забележавте, пред целиот свет беше докажано дека иранскиот народ, благодарение на својот отпор, својата храброст и дух, успешно се избори против американските напади и американската агресија. Иран го издржа сето тоа и ќе опстои и во иднина – рече тој.
Арагчи му се заблагодари на Путин за поддршката за Иран.
– Благодарни сме за цврстата и силна поддршка за Иран – рече шефот на иранската дипломатија. Тој исто така му се заблагодари на Путин за сочувството „во врска со маченичката смрт на покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Арагчи изрази „посебна благодарност за тоа што рускиот лидер веднаш му честитал на новиот врховен лидер на Иран за неговото именување, ајатолахот Моџтаба Хамнеи.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
