Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата околу Гренланд не ја засега неговата земја.
-Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега, рече Путин за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.
Според рускиот претседател, САД и Данска ќе најдат заедничко решение.
-Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе, истакна тој.
-Патем, Данска секогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија, доста строго, ако не и сурово. Но, тоа веќе е сосема друго прашање, тешко дека сега некого го интересира тоа, рече Путин.
Според него, САД „можат да си дозволат“ да го „купат“ Гренланд, доколку тој се продаваше по цени споредливи со оние по кои Русија им ја продала Алјаска на Американците во 19 век. Рускиот претседател рече дека според неговите пресметки, сумата за купување на Гренланд би можела да изнесува помеѓу 200 милиони и 1 милијарда долари.
-Површината на Гренланд е малку поголема (од површината на Алјаска), според мене е еднаква на 2,166 милиони квадратни километри … Односно разликата е приближно 450-449 илјади квадратни километри. Епа, ако го споредиме тоа со вредноста на стекнувањето на Алјаска од страна на САД, тогаш цената за Гренланд би била некаде околу 200-250 милиони долари, рече рускиот лидер.
-Ако ги земеме предвид тогашните цени на златото, таа бројка би била поголема, веројатно околу милијарда. Но, мислам дека САД ќе можат да си ја дозволат и таа сума, додаде шефот на руската држава.
Путин го коментираше и мировниот процес во Појасот Газа.
-Најважно е целиот процес позитивно да се одрази врз долгорочното решавање на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на соодветните одлуки на ОН. Неопходно е да бидат земени предвид неотуѓивите потреби и желби на Палестинците, нагласи рускиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
-

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен
-

Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата, екипи на ЕВН се на терен во селото Илино
-

Орбан: Одам во Давос на покана на Трамп, ќе го потпишеме основачкиот документ за Одборот за мир
-

Шефот на НАТО вели дека „има уште многу работа“ околу Гренланд
-

На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри
-

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд
