-->
-->
Работник починал по пад од висина во Скопје
-->

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје.
Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал.
-Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, инфирмираат од МВР.
Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кириите за станови растат – каде е најевтино, а каде најскапо?
-

9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
