Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на Општината Северна Митровица
Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на Општината Косовска Митровица, потврди тамошната полиција. Повредени нема, причинета е само материјална штета врз полициски возила.
Во консултација со јавен обвинител покренат е случај за извршување терористичко дело. Деновиве зачестија нападите со шок бомби, рачни гранати, камења главно врз општинските згради, каде беа избрани новите градоначалници.
Србите на северот на Косово и денеска се на протест, наместо на традиционален собир за Видовдан. Поради кризата и безбедносните ризици, наместо празнување во Газиместан, собир ќе има пред капијата на манастирот Грачаница. Превозниците со српски таблици се уште чекаат на граница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека со претседателот на Србија и премиерот на Косово разговарал за важноста од деескалација на тензиите и враќање на дијалогот. Блинкен во својата објава, рече дека во разговорот со Вучиќ ја поздравил одлуката за ослободување на тројцата косовски полицајци. Од Курти побарал да спроведе три точки од планот на ЕУ за смирување на ситуацијата на северот од Косово.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
