Радев: Одиме на избори

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, откако Алијанса за права и слободи (АПС) веднаш го врати мандатот за формирање влада откако му беше врачен, изјави „Одиме на избори“.
– Не беше случајно што избрав да го предадам третиот мандат на вашата пратеничка група – наведе Радев, додавајќи дека АПС била подложена на „брутален притисок од членовите и симпатизерите на партијата биле подложени на притисок, разни форми на влијание, неприфатливи за владеењето на правото“.
Радев посочи дека го предава мандатот на АПС како симбол на национално единство и против секој обид на себични политичари да поттикнат меѓуетнички тензии, за кои нема основа во Бугарија и кои им служат само на нивните теснопартиски и, пред сè, лични интереси.
Лидерот на АПС, Хајри Садков истакна дека Парламентот е генетската модификација, која не може да произведе ништо позитивно.
Според него важно е во каква ситуација се наоѓа земјата. Тој истакна дека нивната одговорност кон институцијата, државноста и демократијата е превисока за да си дозволат едноставно да прават експерименти.
Ново на Сител
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
