Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н.(37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик.
На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.
Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото.
По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
