Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт на денешната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изјави дека иранската програма за збогатување на ураниум треба целосно да биде прекината.
– Доколку сè уште не е доволно јасно, ќе го повторам ставот на САД за Иран. Нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи ги сите капацитети за збогатување (ураниум) и преработка (плутониум), мора целосно да биде прекината – посочи Рајт во Виена.
Додека извршниот директор на руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов наведе дека прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма можат да се решат само по дипломатски пат.
– Го поздравуваме договорот постигнат на 9 септември меѓу Иран и МААЕ. Ова е одличен пример дека дури и најсложените задачи можат да се решат преку дијалог. Подготвени сме да соработуваме на кој било начин во потрагата по преговарачки решенија засновани на меѓународното право и во согласност со Договорот за неширење на нуклеарно оружје – посочи Лихачов.
МИА
Ново на Сител
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција
-
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога