Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21.
Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од 6-0 за првото и единствено изедначување. Во последните 20 минути „вардарци“ ја консолидираа одбраната и стигнаа до посакуваната победа.
Најефикасен кај Вардар беше Дмитро Горига со 7 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Златко Раужан со 9 голови.
Вардар следниот натпревар од групата го игра на гости кај Тулуз на 21.октомври.
Ново на Сител
-

Прегазена 59-годишна жена од с.Злетово, починала на местото на несреќата
-

На 2 февруари во ЦСР е добиен допис од МВР за напад на сопругот врз починатата жена, велат од МСПДМ
-

МЕРМС: Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството
-

Генералниот секретар на НАТО Руте пристигна во Скопје
-

Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
