Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

Албанската влада ја разгледува можноста за намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, соопшти премиерот на Албанија, Еди Рама.
Рама ова го изјави денеска за време на посетата на албанското Министерство за образование, кое беше цел на напади за време на тековните протести во Албанија во кои учествуваат ученици и студенти.
Во врска со протестите, албанскиот премиер изјави дека се подготвува пакет кривични и административни мерки, бидејќи оние кои предизвикуваат штета на јавниот имот мора да преземат одговорност и да платат отштета.
Студентите кои протестираат, и иницираа кампања со цел оставка на Рама, ја обвинуваат власта за корупција и занемарување на образованието. Нивните демонстрации следуваат по неколкумесечни мирни протести против продажбата на зачуван дел од албанското крајбрежје за изградба на одморалиште поврзано со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Студентските протести, кои почнаа на 13 октомври во Тирана, се одбележани со судири со полицијата, а демонстрантите запалија владини згради и банки и нанесоа штета на јавен и приватен имот.
Рама ги обвини Русија, Иран, крајно левото движење „Антифа“, политички и религиозни екстремисти, како и лидерот на опозициската Демократска партија Сали Бериша, дека се дел од сложена мрежа за влијание која ги поттикнува протестите во земјата со цел предизвикување насилство и ширење дезинформации.
Рама, цитиран од АТА, денеска изјави дека протестите во последните денови во Тирана се „хибридна војна“, која станува голем проблем во цела Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
