Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги отфрли повиците за негова оставка, во услови на засилени улични протести низ целата земја. Тој изјави дека овие протести не претставуваат закана за неговата влада, туку за напредокот на земјата кон членство во Европската унија (ЕУ).
Во обраќање емитувано на Фејсбук, Рама наведе дека ниту тој, ниту неговата влада не се оние што се ставени на тест – наместо тоа, протестите претставуваат предизвик за патот кон ЕУ.
– Албанците треба многу јасно да размислат: дали го сакаат ова, дали го сакаат она, или пак ја сакаат ЕУ, рече Рама.
Според него, зад протестите стојат надворешпни сили.
– Бог знае какви ќе бидат последиците. Нема млади луѓе, нема студенти, ниту пак малолетници на кои воопшто би им паднало на памет да спроведат ваков план. Ова е дело на надворешна рака, рече Рама.
Демонстрантите, кои бараат оставка од премиерот, веќе неколку дена организираат протести низ целата земја. Во Тирана, тие запалија владини канцеларии и банки, а дојде и до судири со полицијата.
Немирите следуваат по неколкумесечни, главно мирни протести против проектот за изградба на луксузен комплекс во Албанија проект во кој е вклучен Џаред Кушнер – зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите исто така ја обвинуваат власта за корупцијата и за лоша економска состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
