Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија

Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“, изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни.
Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили.
Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на претежно мирен начин.
-Фактот што граѓаните можат да протестираат на булеварот без да бидат попречени покажува дека Албанија се однесува како нормална европска земја, каде што протестите се дел од демократскиот живот – изјави Рама, пренесува АТА.
Исто така, ги отфрли тврдењата дека протестите го претставуваат целото албанско општество.
Рама тврди дека значителен дел од неодамнешните демонстранти се поврзани со опозициски партии и политички групи кои бараат соборување на владата.
Албанскиот премиер вели дека социјалните мрежи одиграле голема улога во мобилизирањето на демонстрантите. Според него, висок процент од содржината што ги поттикна протестите е произведен надвор од Албанија.
Тој го поврза ова особено со вклученоста на Џаред Кушнер, Иванка Трамп и дебатата за туристичките проекти во Албанија.
-Алгоритмот направи многу за да ги донесе луѓето на булеварот – истакна Рама, тврдејќи дека поврзаноста на протестите со Кушнер и семејството Трамп довела до тоа тие да добијат поголемо меѓународно внимание.
Според него, ова прашање привлекло и луѓе кои се против Доналд Трамп и го засилиле протестот на социјалните медиуми.
Во врска со проектите во Звернец и Сазан, неговиот став е дека нема да се повлече од проектот Звернец, туку ќе прифати процес на консултации.
Во статијата на „UnHerd“, Рама е претставен како премиер кој ја гледа моментната ситуација не како криза на режимот, туку како израз на политичко и социјално незадоволство во Албанија која, според него, значително се променила економски во текот на годините на неговото владеење.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
