Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
Расте бројот на лица кои доживеале мозочен удар. Најмладиот пациент на одделот за неврологија во штипска Клиничка болница е на 30 годишна возраст. Најризични се мажите и лицата со семејна историја на болести. Главна причина се високиот крвен притисок, шеќерот и мастите во крвта, пушењето и алкохолот, но постојат и други ризик фактори.
- Денешниот животен стил во многу придонесеува за мозочниот удар. Самата физичка неактивност, стресот и начинот на исхрана исто така го зголемува ризикот за појава на мозочен удар. Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некој не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст, до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. , изјави Елена Јовева, доцент на Факултетот за медицински науки при УГД-Штип
Светската здравствена статистика е со уште позастрашувачки податоци за оваа медицинска состојба.
- Според американското здружение за мозочен удар, на секои 4 секунди еден доживува мозочен удар, а на секои 40 минути еден пациент починува од мозочен удар. Тоа ни ја кажува сериозноста за акутната состојба за мозочниот удар и брзината со која треба да се реагира и навреме да се препознаат симтомите, додаде Јовева
Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи, а лекарите советуваат ризикот да не се игнорира.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
