Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица.
- По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата, информира МВР.
Приведени се И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Грција и С.З.(57) од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани.
Безживотното тело на 56-годишниот Д.А. беше пронајдено вчера во близина на градските гробишта во Виница.
МИА
Ново на Сител
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
