Македонија
12. January 2026 - 19:15

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18), роден 06.04.2007 година во Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје, со адреса на живеење ул.Дом Ндуе Битичи.

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.