Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално, покажува индексот на цени на недвижности што го објавува Народната банка, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град.
Минатата година, во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 процент, а во четвртиот од 25 проценти.
Агенцијата за катастар на недвижности во Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.
Во 2025 година становите останаа најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваа со 33 проценти во вкупниот број купопродажби и 48 проценти од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9 проценти, нивната вредност пораснала за 10,8 проценти.
Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така имаат и највисоки просечни цени на становите, од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².
Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во општина Центар за 1.500.000 евра. Најскап деловен простор е продаден во општина Центар за 6.800.000 евра.
МИА
Ново на Сител
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
