Македонија
3. November 2026 - 12:27
Растат платите во Армијата за 10%
Платите на сите вработени во Армијата и Министерството за одбрана од јануари ќе се зголемат за 10 отсто. Ова денеска го соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој најави дека зголемувањето во просек ќе изнесува од 4.000 до 11.000 денари месечно.
Покачувањето ќе ги опфати основните плати, но и сите додатоци што влегуваат во нивната пресметка, вклучително и надоместоците за ноќна и прекувремена работа.
Зголемувањето било договорено по разговори со синдикатите и во соработка со Армијата.
Буџетот за 2027 година веќе помина на последната владина седница и сега треба да биде разгледан и усвоен во Собранието.
-->
-->
