Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
Алармантна е состојбата со покачениот крвен притисок во пресрет на новогодишните празници во Штип. Итната медицинска помош бележи зголемен број интервенции, а според д-р Томица Наков, во одредени денови дури над 90 проценти од пациентите се јавуваат со симптоми на нагло зголемен притисок.
- Приметуваме дека ни доаѓаат пациенти со висок крвен притисок, со хипертензија, луше кои се хриничари, кои си имаат редовна хронична терапија за хипертензија, но сепак има доста големи варијаци во нивниот крвен притисок. Дури имаме денови кога буквално сите пациенти се со таа симптоматологија, изјави д-р Томица Наков, Итна медицинска помош- Штип
Лекарите препорачуваат хроничните пациенти почесто да го мерат крвниот притисок и редовно да се консултираат со матичните лекари, особено во празничниот период.
- Да си направат табела, да се мери наутро, напладне и навечер, дали во домашни услови или во ординациите кај нивните матични лекари. Пожеллно е да се мери со живин манометар, не со дигитален, зашто досега се покажа дека дигиталните се 50:50, некои се точни, но некои покажуваат големи варијации, додаде д-р Наков
Како една од главните причини за влошување на состојбата се посочува празничната исхрана, богата со масна и солена храна, која дополнително го зголемува ризикот од компликации.
- Пациентите кои се хроничари треба да знаат дека таа храна, иако им е вкусна, треба да ја избегнуваат или консумираат во помали количини, затоа што тоа доведува до вложување на нисната состојба со крвниуот притисок, изјави д-р Наков
Лекарите предупредуваат дека почитувањето на терапијата и здравите навики се клучни за превенција.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
