Македонија
15. February 2022 - 19:40

Расте бројот на позитивни помеѓу децата од училишна возраст, се отвораат нови пунктови за тестирање

Епидемиолошката состојба со Ковид во земјава се подобрува, но има зголемување на бројот на новозаразени деца на школска возраст. Ова е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Од Комисијата сметаат дека засега нема потреба од нови мерки за училиштата зошто за една недела 320 новозаразени деца односно 120 повеќе од претходните 7 дена во целата држава.

-Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија да се следат дословно протоколите актуелни за одржување на настава со физичко присуство и исто така апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето и со таа цел, таа намера отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање, изјави проф.д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата з азаразни болести.

Деновиве ќе почне и скринингот за да се види каква е распространетоста на вирусот во училиштата. Ќе бидат опфатени околу 2000 деца на различна школска возраст од различни градови. Треба да заврши за 1 недела. Децата ќе бидат тестирани во пунктовите при Здравствен дом Скопје и во Центрите за јавно здравје на почетокот на денот пред да се тестираат граѓаните кои имаат симптоми. За да се намали времето за чекање за тест од Комисијата посочија дека се отворени дополнителни локации за земање брисеви.

-Од денес во Ѓорче Петров и Идадија ќе може да се закаже тестирање преку матичен лекар. Дополнително ќе отвориме пунктови во Центрите за јавно здравје, рече Петличковски.

Комсијата за заразни боолести денеска препорача наставата на факултетите да се одвива со физичко присуство и со почитување на протоколите. 

На состанокот ја анализирале и смртноста од Ковид и заклучиле дека најголем дел од починатите или не биле вакцинирани или примиле вакцини пред повеќе од 6 месеци, а меѓу починатите немало случај на вакциниран со бустер без коморбидитети, затоа од Комисијата апелираат граѓаните да се заштитат со трета доза за да избегнат тешки компликации, но и смрт.