Македонија
21. October 2024 - 12:19
Расте бројот на ученици во стручното образование
Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите.Во Регионалниот центар „Ванчо Питошески“ во Охрид моментално има 240 ученици коишто се запишани во 3-годишно и 4-годишно образование и бележи раст од 20% ученици во прва година од каде произлегува кадар подготвен за настап на пазарот на трудот .
Во училишниот центар се стимулираат младите да одбираат стручно образование .Реновирани се 40 соби и тоалети во ученичкиот дом кој доби и нова читална.
Од средното училиште Ванчо Питошески велат дека стручното образование дава финален кадар што е подготвен да работи и да одговори на пазарот во хотелско угостителската дејност .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
