Македонија
12. March 2021 - 20:03
Расте бројот на заболени од Ковид-19 и во струшките села
Расте бројот на заболени од Ковид 19 и во струшките села. Во Вевчани каде пред десетина дена немаше ниту еден заболен деновиве бројот се искачи на 20 позитивни а третиот бран ги зафати и селата Велешта, Октиси, Добовјани и Татеши. 60 проценти од позитивните се млади на возраст од 20 до 40 години.
Пациентите со полесна клиничка слика се лукуваат во дневната ковид болница во Вевчани додека оние со потешки симптоми се препраќаат во Струга и Скопје.
Инаку во болницата во Струга моментално се хоспитализирани дваесетина пациенти. За разлика од Охрид во струшко бројот на заболени лица на Ковид 19 е тројно помал.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
