Македонија
11. March 2021 - 13:11

Расте бројот на заразени - Општина Охрид затворена за странки

Поради актуелната состојба со корона вирусот и зголемениот број на заболени во Охрид од денеска опшинската зграда затворена за физички посети на странки.Оваа мерка која ќе трае се до стабилизирање на состојбата како што велат од локалната се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на заразата.

-Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат – информира локалната самоуправа.

Во Охрид од ден на ден се зголемува бројот на заболени лица само вчера беа евидентирани 26 нови случаи на Ковид 19.

Од општината упатуваат апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот. Охрид и понатаму е меѓу градовите посочени како жаришта на вирусот. Модуларната болница е целосно исполенета со пациенти  а за потребите на ковид центарот се обезбедени уште девет контејнери .