Расте бројот на жртви по руските напади во Украина

Бројот на жртвите во рускиот воздушен напад врз Харков во текот на ноќта се искачи на десет лица, со што вкупниот број загинати во вчерашните масирани бомбардирања низ Украина достигна 12, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, потврди дека спасувачките екипи извлекле тело на десетта жртва од под урнатините на погодена петкатница во центарот на градот. Меѓу загинатите се наставничка и нејзиниот мал син, како и уште една мајка со дете во тинејџерска возраст. Повредени се и три деца на возраст од 6 до 17 години.
Напади со жртви се регистрирани и во Днепропетровската и Сумската област, каде 24-годишен маж бил убиен во неговиот автомобил. Обласниот гувернер Олег Григоров ги обвини руските сили дека намерно таргетираат цивилни возила. Иако локалните власти јавуваат за погодени станбени објекти и повредено новороденче во Запорожје, Русија тврди дека нападите биле насочени исклучиво кон „воени цели“ и дека нејзините сили собориле 124 украински дронови во текот на истата ноќ
МИА
Ново на Сител
-

Македонските кик-боксери се подготвуваат за Европското првенство во Скопје
-

Холивуд има тајна стара 75 години: Истиот крик се слуша во над 400 филмови, серии и видеоигри
-

Јапонски научници открија начин да ги натераат канцерогените клетки сами да се уништат
-

Хакери украле 6,3 милијарди долари од Binance – најголемиот криптограбеж во историјата
-

Почина легендарниот актер сер Патрик Стјуарт
-

Трговијата и индустријата го движат бизнисот: Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија во 2025 година
-

Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
-

Масовен напад врз Москва - Украина ноќеска ја нападна руската метропола со 862 дрона
