Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Благодарение на овој пристап, во нашата болница секоја година се регистрираат над 20.000 нови пациенти кои ни укажуваат доверба.
Одлуките за третман и интервенции се носат исклучиво со мултидисциплинарен пристап, базиран на медицински индикации и највисоки етички стандарди, а веќе 10 години болницата е акредитирана и работи по највисоките ЈCI стандарди за безбедност и квалитет.
Во изминатите 25 години, болницата никогаш не извршила хируршка интервенција без јасна медицинска индикација. Нашиот приоритет отсекогаш бил и ќе остане – здравјето и безбедноста на пациентите.
По повод изјавите на проф. д-р Сашко Кедев изнесени во емисијата „На врв на светот“ на Канал 77, во која се споменува од страната на новинарот името на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, остро ја осудуваме содржината и пораката на ваквиот јавен настап.
Овие тврдења се неосновани, го нарушуваат угледот на нашата реномирана установа и на нашите доктори, и непотребно внесуваат страв кај постоечките и идните пациенти.
Ја уверуваме јавноста дека наводите за наводни непотребни хируршки интервенции во една приватна болница, наводно врз основа на профит, се целосно неточни и не може да се однесуваат на „Аџибадем Систина“, затоа што нема основа.
Бидејќи во изјавата, д-р Кедев, посочува една приватна болница, притоа не споменувајќи за која станува збор, бараме точно да се изјасни за која приватна болница се однесува неговата изјава. Во спротивно ќе преземеме соодветни правни чекори и ќе поднесеме тужба поради клевета и нарушување на углед.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и понатаму ќе остане посветена на врвната здравствена грижа, транспарентност и интегритет, секогаш водејќи се за најдоброто за пациентите.
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
