Loading Video...
Свет
10. September 2026 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Секој полнолетен граѓанин на САД  ќе добие по 5000 долари, доколку  републиканска партија ја задржи контролата врз Конгресот на среднорочните избори во ноември вети Трамп и истовмрено ги замоли гласачите да гласат со истата енергија како изборите да се директно за него.

-Ве молам да се преправате дека сум на гласачкото ливче. Јас сум на гласачкото ливче. Само уште еднаш. Бидејќи ако изгубиме, ќе ја изгубите вашата граница. Ќе ги изгубите вашите намалувања на даноците. Ќе ја изгубите вашата безбедност и сигурност. Ќе го изгубите вашето богатство, Значи, ако републиканците победат, вие победувате со нас и добивате 5.000 долари. Тоа ќе се нарече дивиденда на Трамп. Единствената забелешка што ја имам е дека дивидендата мора да се потроши во Соединетите Американски Држави.“

На конвенцијата на неговата  партија во Далас, ТРамп не даде детали за наччинот на спроведувањето на ваквата мерка. Историски гледано, партијата на актуелниот американски претседател речиси секогаш губи места во Конгресот на таканаречените среднорочни избори.

На конценцијата,  Шефот на Белата кука зборуваше и за војната со Иран. Најави крај на војната и намалување на цените на нафата,  брзо по завршуавње на конгресни избори, закажани за 3 ноември.

Францускиот претседател Макрон ја повика Европа да развие сопствен капацитет за летови со астронаути во рок од една деценија, предупредувајќи дека европската вселенска програма останува ранлива и зависна од странски партнери.

Нашиот европски вселенски сектор останува кревок и ние мора да забрзаме. Франција го презеде ова: во последниве години продолживме и ги зголемивме инвестициите во овој сектор, особено со Франција 2030, исто така со Законот за истражувачко програмирање и со Законот за воено програмирање. И ќе продолжиме со инвестирање на 20 милијарди евра (23,36 милијарди долари) до 2030 година во вселенскиот сектор, бидејќи ова функционира.“

Макрон го упати повикот за време на меѓународниот самит за вселената што денеска и утре   се одржува во Париз, во организација на Франција и Германија. И претседателката на ЕК испрати порака за   зајакнување на европската вселенска индустрија.

„Вселената влегува во нова ера.. Вселената повторно е голема граница за нашиот просперитет, безбедност и независност. И исто како што можностите од кои зависиме денес се резултат на избори направени пред децении, изборите што ги правиме сега, денес, ќе го обликуваат нашето место во овој простор во децениите што доаѓаат.“

Американските компании SpaceX на Илон Маск и Blue Origin на Џеф Безос ги откажаа своите планирани учества откако Белата куќа ги повика американските вселенски компании да го бојкотираат настанот. Земјите членки на Европската вселенска агенција се очекува да одржат министерски состанок во декември, на кој ќе одлучуваат за следните чекори.