-->
-->
Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-->

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на десната нога, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.
Менди се повреди на натпреварот против Еспањол изминатиот викенд, и во зависност од лекарскиот наод дали ќе биде подложен на операција, францускиот дефанзивец би можел да биде надвор од терените до пет месеци.
Поради чести проблеми со повредите, Менди оваа сезона само осум натпревари за Реал Мадрид.
На четири натпревари до крајот на шпанската Примера, Реал Мадрид е втор на табелата со 77 бодови, 11 помалку од лидерот Барселона.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
