Loading Video...
Фудбал
12. February 2023 - 11:04

Реал е нов светски клупски првак

Реал Мадрид освојувач на трофејот на Светското клупско првенство. Во финалето во Рабат, Мароко Реал го победи  Ал-Хилал со 5-3.
 
Реал уште во првиот дел ја најави победата откако голот на Венициус во 13.минута поведе со 1-0, а само пет минути подоцна (18) Валверде зголеми на 2-0. Интернационалецот од Мали, Муса Марега во 26-тата минута успеа да намали на 1-2 и да го врати во игра својот тим.
 
Во вториот дел исто сценарио. Прво два гола на Реал, преку Бензема (54) и Валверде (58), а Вието во 63-минута намали на 4-2.
Но, со вториот гол на Винициус (69-минута) веќе беше јасно дека Реал е на чекор до титулата.
 
Ал Хилал уште еднаш се обиде да го оспори тоа со вториот голот на Вието во 79.минута, но азискиот првак нема сили да направи комплетен резултатски пресврт, па на крајот европскиот шампион славеше со 5-3.
 
Така Реал по петти пат во својата историја го освојува ова престижно натпреварување (2014, 2016, 2017, 2018, 2020 и 2022), со што сега „Кралевите“ имаат два трофеи повеќе од лутиот ривал Барселона.
 
Покрај овие два тима само уште минхенски Баерн и бразилскиот Коринтианс успевале да триумфираа по два пати.