Loading Video...
Фудбал
27. February 2022 - 10:11

Реал и Атлетико славеа победи во дуелите со Рајо и Селта

Мадридските екипи Реал и Атлетико забележаа победи во натпреварите од 26 коло на Ла Лига. 
 
Лидерот на таелата Реал потешко од очекуваното славеше на гостински терен кај малиот градски ривал Рајо Ваљекано со 1-0. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Карим Бензема во 83-минута. 
 
Атлетико пак пред својата публика со 2-0 ја победи Селта. Двата гола за Атлетико ги постигна Бразилецот, Ренан Лоди и тоа во 36-тата и 60-тата минута. 
 
Реал сега има 61 бод, девет повеќе од второ пласираната Севиља која попладнево го игра градското дерби со Бетис кој е трет со дури 15 бодови помалку од лидерот.
 
Атлетико Мадрид е на четвртата позиција 45 бодови три повеќе од Барселона која вечерва го пречекува Aтлетик Билбао, но каталонскиот тим покрај вечерашниот меч има уште еден помалку од Атлетико.