Loading Video...
Фудбал
23. December 2021 - 13:08

Реал ја зголеми предноста пред конкурентите во трката за титулата

Во шпаската Ла Лига, тимот на Реал Мадрид ја зголемува бодовната предност во однос на конкурентите за шампионскиот трофеј. 
 
„Кралевите“ синоќа во дуелот против вечниот ривал Атлетик одигран во Билбао забележаа победа со 2-1 и тоа со двата гола на Карим Бензема уште на самиот почеток на табпреварот во 4-тата и 7-та минута. Голот за домаќините го постигна Санкет во 10-тата минута по што до крајот на мечот немаше голови. 
 
Реал сега има 46 бодови, осум повеќе од Севиља која во ова коло ремизираше со Барселона 1-1. По нив следуваат Бетис со 38 и Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентаѕивен голман Столе Димитриевски кој досега собра 30 бодови, додека актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид кој го претрпе и третиот пораз во низа и тоа од Гранада (2-1) сега е на петото место на табелата со дури 17 бодови помалку од градскиот ривал Реал.