Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
Шпанскиот гигант Реал Мадрид e на врвот – четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот, објави „Форбс“.
Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона.
„Лос Бланкос“ се приклучуваат на елитната група спортски тимови со десетцифрени годишни приходи, претходно надминати само од НФЛ тимот на Далас каубојс.
Манчестер јунајтед се најде на второто место, а клубот од Островот е проценет на 6,6 милијарди долари. И покрај послабите резултати, клубот оствари 834 милиони долари приходи минатата сезона. Барселона го држи третото место со вредност од 5,65 милијарди долари.
Следат Ливерпул и Манчестер сити, Баерн Минхен се најде на шестото, а ПСЖ на седмото место.
Меѓу десетте највредни клубови во Европа се и Арсенал, Тотенхем и Челси.
Првиот клуб под линијата на десет најдобри е Јувентус, кој е и највреден клуб во Серија „А“, Милан е на 14-то место, а овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите – Интер, е само на 17-та позиција.
Според Форбс, вкупната вредност на 30-те најдобри фудбалски клубови денес надминува 72 милијарди долари, што е во просек 2,4 милијарди по клуб.
Ново на Сител
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба
-
Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност
-
Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана
-
Судски совет: Судството не било ажурно во првиот квартал, причина малку судии и многу неработни денови
-
Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина
-
Пандев: Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината
-
Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Струмица – Валандово
-
При претрес во Кочани пронајдена дрога, приведено едно лице