Македонија
19. February 2026 - 15:25

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари.

Како што информира МЗШВ, исплатата е реализирана во согласност со Мерката 1.6 - директни плаќања од обработлива површина за одржување постојни овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

- Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство - наведува Министерството.