Реализирана втората авионска фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

Град Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот.
Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје, соопшти прес-службатра на Град Скопје.
Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската дезинсекција, како дел од континуираните мерки за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје.
Од Град Скопје посочуваат дека навремената дезинсекција има клучно значење во превенцијата од ширење заразни болести и создавањето побезбедна и поквалитетна животна средина за граѓаните. Токму раното и системско третирање претставува најважен чекор во спречувањето на масовна појава на комарци во текот на летниот период.
Во наредниот период се предвидени уште две фази од дезинсекцијата, кои ќе опфатат авионско и теренско прскање, со цел обезбедување целосна и ефикасна заштита на подрачјето на градот Скопје.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
