Македонија
9. October 2016 - 17:33

Редакциски став: АД ХОК телото фаворизира пропаганда за СДСМ, СЈО и СОРОС

Повторно се потврди дека Ад-хок телото е чиста политичка творба. Со денешното срамно однесување и гласање на тројца членови, новинари, поранешни новинари и таканаречени експерти кои очигледно одлучуваа само по налог на СДСМ. Сител дознава дека поединци од ад-хок телото се дебело платени за ваквите одлуки, а во наредниот период овие информации ќе бидат подетално образложени. Инаку на денешниот состанок повторно се носеа одлуки на слепо без да се гледаат видео-материјали базирајќи се само на мониторигот на Агенцијата за медиуми.  очигледно се оценува врз основа на три критериуми:

1 не смее да се критикува работата на СЈО

2 не смее да се појавува Никола Груевски на телевизија

3 и не смее да има прилози за Владата кои не се критички

Од ова е повеќе од јасно дека секоја телевизија ќе биде казнувана ако не врши пропаганда во корист на СДСМ, Сорос и СЈО или ако не ги критикуваат Владата и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту во законотот ниту во правилникот кој сами го донесоа не е предвидена забрана за појавување на функционери избрани од народот, па за тоа решија да казнуваат по друг член.   

Во сите три досегашни извештаи на телото за мониторинг на медиумското известување, единствено Сител ТВ е опоменувана и казнувана.