Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
На регионалниот пат Струмица-Берово, кај место викано „Осмиците“, вчера околу 08:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток го привеле А.С. од село Старо Балдовци, струмичко.
Како што соопшти денеска МВР, тој е затекнат како во патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки врши утовар на огревно дрво за кое не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.
- Во 14:20 часот на 02.06.2025, на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Суви Лаки“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево го лишија од слобода В.Џ. (1967) од с.Двориште, беровско. При извршена контрола на товарно моторно возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал, утврдено е дека во возилото вторпат во ист ден се превезува дрвна маса со иста испратница, се наведува во соопштението од МВР.
За настанот известен е јавен обвинител, а по преземени мерки идентификувано е лице во Струмица кај кое била пренесена дрвната маса. Дрвата и возило се одземени и предадени на Шумска полиција. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар