Loading Video...
Македонија
5. јуни 2025 - 16:38

Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија

Бугарија нема да поставува дополнителни услови и барања за пристапување на Македонија во ЕУ, но договореното мора да се спроведе. Ден по одложеното гласање во ЕП за извештајот за Македонија, бугарскиот шеф на дипломатијата вели дека нивните позиции биле јасни, но бил загрижен  од изјавите на македонската влада во пресрет на гласањето.

За партиите чии европратеници обвинија дека Вајц имал тајни средби со македонски преставници, одложувањето знаело нова шанса за поправен тест. За нив извештајот е недозволив и необјективен. 

„Желбата ни е Република Северна Македонија да започне преговори со Европската Унија, но откако ќе видиме дека оние антибугарски сили, кои според нас се антиевропски, не бидат во позицијата да раководат со државата Република Северна Македонија. Се надеваме дека тоа ќе се случи час поскоро.“, вели Тома Биков, пратеник од владејачката партија ГЕРБ.

„Сите бугарски европратеници сакаат истрага бидејќи извештајот на РСМ е неисправен. Има значителни прекршувања, редовно протекување информации до Северна Македонија. Сите европски институции се известени. Овој извештај, во сегашната форма, е извештај за лобирање од страна на РСМ, не е објективен, апсолутно неприфатлив“, рече Георгиев.

По случувањата во ЕП, од македонската влада за Сител велат дека , Одложувањето не е работа која зависи од нас, но цениме дека е резултат на нашите напори извештајот да биде изгласан онака како што беше предложен, без никакви промени.

По интензивните политички дебати околку предлог-извештајот за напредокот на Македонија и постојаните обвинувања од бугарските европратеници, известувачот Вајц го одложи гласањето за 24 јуни. Но потенцира дека нема намера со извештајот да се решаваат билатерални прашања. 

За предлог извештајот поднесени се повеќе од 300 амандмани, во најголем дел од бугарски и грачки европратеници со кои се оспороува македонската посебност и идентитет.