Македонија
20. November 2026 - 16:38

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата

Со транспаренти и скандирања пред Владата, граѓани побараа одговорност за осумте убиени жени. „Кој ви даде право да не убивате“, „Закони на хартија, жени во гробиви“, „Мал престап, жени убива брат“ и „Бараме институционална одговорност“ беа дел од пораките упатени кон надлежните.

Правда и одговорност за претепаната 21-годишна Емилија од Битола, побара нејзината мајка која низ солзи изрази огорченост од системот. Праша кој ќе ја заштити нејзината ќерка кога за некој ден ќе биде пуштен од притвор насилникот кој и се заканил со смрт. 

Блокадата е најава за протестот кој ќе се одржи следната среда во паркот жена борец, организиран од иницијативата „Ниту една повеќе“.

Од иницијативата испорачаа шест конкретни барања со рокови до Собранието и Владата по растот од 70 отсто на пријавите за семејно насилство. Итно усвојување на измените за заштита од насилство врз жените и семејното насилство до 10 декември, пакет од осум закони меѓу кои законот за полиција и за семејство, најмалку 200 милиони денари во буџетот за следната година за обезбедување услови за жртвите, собраниски надзор со рокови, вражање на сексуалното образование и одговорност за секој фемицид. 

Граѓаните и активистите одржаа едноминутно молчење за сите жртви на насилство а дел од транспарентите ги оставија пред Владата.