Македонија
20. November 2026 - 12:27
Законот за плажи до новата туристичка сезона
Новиот Закон за плажи треба да се финализира во текот на зимата, со цел да важи до новата туристичка сезона.
Според најавите на вицепремиерот и министер за транспорт Николоски подготовките се во напредна фаза.
Законот се подготвува во соработка со пет општини околу трите природни езера — Охрид, Струга, Дебрца, Ресен и Дојран.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, повеќепати говореше за потребата од системско законско решение за уредување на плажите долж крајбрежјето, со цел да се утврди начинот на постапување.
Добрите познавачи сметаат дека со овој закон ќе се стави ред во користењето и управувањето со плажите, решавање на долгогодишниот правен статус и усогласување со препораките на УНЕСКО за Охридското Езеро.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
