Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
Со пригодна свеченост во општинскиот Дом за стари лица во Прилеп „Киро Крстески Платник“ беше одбележаната Неделата за грижа на стари лица. Капацитетот на Домот е околу 150 легла, а заинтересираноста е огромна и секогаш има листа на чекање од 30-тина лица. Штитеници има буквално од сите градови на Македонија, како и лица донесени тука преку Центрите за социјална работа. Од Домот се надеваат дека наскоро ќе се подобрат и кадровски во делот на медицинскиот персонал, а дека државата ќе помогне во делот на реновирање на установата која што е од 1974 година.
„Значи има побарувачка за сместување од корисници кои сакаат да ги користат нашите услуги. Има услови за да се прошири објектот, имаме земјиште, но сепак прво сметам дека прво оваа радба треба да се реновира, а потоа да размислуваме за проширување. Моментално имаме 28 вработени, а во тек е и оглас за главна медицинска сестра, медицински сестри и негуватели“, рече Благојче Стојаноски на домот за стари лица во Прилеп „Киро Крстески Платник“.
За подобрување на условите во Домот државната компанија Тутунски комбинат Прилеп донираше 10 телевизори за занималните и собите. А од Општината се надеваат дека за 2027 година ќе се зголемат и средствата кои државата ги одделува за Домот затоа што со демографските процеси за жал овие установи стануваат се побарани кај нас.
„Во креирањето на буџетот на државата од каде добиваме блок дотации сметавме дека можеше малку повеќе да имаме поддршка од централниот буџет, но за жал оваа 2026 година, беа на исто ниво како во 2025 година. Интервениравме кај Министерството за социјална политика, демографија и млади, сметам дека министерот покажа разбирање за буџетот за 2027 година со што од конечната проекција ќе зависи дали и општинскиот буџет ќе зафати дел од средствата за подобрување на услугите кои што ги даваме овде во оваа Јавна општинска установа“, изјави Дејан Проданоски, градоначлник на Прилеп.
Мотото под кое се одбележа денешниот е беше „И ние сме ваши деца – вчера вие, а денес ние за вас“.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
