Рекорден снег во Москва - над 60 см по 32 години | ВИДЕО

Во Москва е забележана висина на снег од 61 сантиметар, со што е соборен рекордот на снежни врнежи поставен пред 32 години во руската престолнина.
– Според референтната метеоролошка станица ВДНХ, како резултат на непрекинатото паѓање снег, неговото ниво порасна на 61 сантиметар, што претставува зголемување од три сантиметри за 24 часа, изјави за „РИА новости“, Евгениј Тишковец, водечки експерт на метеоролошкиот центар „Фобос“. Тој нагласи дека во центарот на престолнината, во Балчуг, висината на снегот изнесува 69 сантиметри, а во Тушино 63 сантиметри и со тоа е соборен рекордот на висината на снежните наноси од 1994 година кога изнесувал 61 сантиметар.
Во Московската област најголеми снежни врнежи има во Черустуј – 68 сантиметри, Серпухов – 66 сантиметри, Коломна – 65 сантиметри и Волоколамск – 62 сантиметри – додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
